June 13, 2025

За 20% е зголемен бројот на гости и ноќевања споредбено со април лани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со податокот за туризмот во Македонија, соопштен од Државниот завод за статистика, изјави:

„Па јас сум исклучително задоволен, бидејќи тоа е исклучително голем и квалитетен податок посебно значаен за услужната и угостителска дејност. Можам да кажам дека во првите четири месеци туризмот, односно бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% споредено со истиот период од лани, и во април, но и во првите четири месеци. Но и структурата на туристите се променува. Сега гледаме веќе туристи коишто се од Германија од Франција итн.

Од она коешто го знам од туроператорите за следната година се планира најмалку половина милион ноќевања, надвор од сезоната во Охрид. Што навистина ќе значи многу за нас како земја. Минатата година имавме рекордни милион и двесте илјади туристи регистрирани, со околу 3,5 милиона ноќевања. Оваа година целта ни е да стигнеме до 4 милиона ноќевања и до милион и пол туристи. Дали ќе успееме?-Се надевам да. Првите параметри се добри и да ме радува тоа што продолжува во првиот месец од вториот квартал во април скоро 21% е зголемен бројот на странски гости за скоро 20% ноќевањето од странските гости што ќе биде добар инпут за бруто-домашниот производ во вториот квартал“.





TV21

Read Previous

Изет Меџити на самитот „Украина – Југоисточна Европа“ во Одеса

Read Next

Се урна авион на Ер Индија со повеќе од 240 патници