June 10, 2025

Азир Алиу избран за нов министер

Со 65 гласа „за“ и 15 „против“, Азир Алиу е избран за нов министер за здравство. За наследникот на Арбен Таравари во фотелјата, премиерот Христијан Мицкоски образложи зошто предложил информатичар да биде нов министер за здравство. Очекувањата на премиерот се Алиу да го дигитализира здравствениот систем.

Сепак, расправата за кадровското решение во здравството, прерасна во меѓусебни обвинувања на доскорешните коалициски партнери. Пратеникот Халил Снопче кажа дека тие не можат да бидат уценети и затоа се вратиле во опозиција.

„Арбен Таравари сам си поднесе оставка како министер за здравство. Нема да зборувам за Арбен, граѓаните ќе оценат. АА после една година владеењето не може да ги ипслони совите ветувања и затоа решивме да се вратиме кај граѓаните и да одиме во опозиција“, изјави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.

„Дали мислиш дека политиката е фудбал и во одреден момент ти можеш да си со ДУИ и да го смениш дресот и се смееш со ДУИ заедно против ВЛЕН, како никогаш да не сте биле досега. За информација, Арбен Таравари беше обврзан да даде оставка. // Арбен Таравари не ја напушти Владата, беше избркан од Владата“, изјави Беким Ќоку од ВРЕДИ.

„Кога Арбен Таравари го штитеше Арбен Фетаи и другите, ти со другарите од Самоопределување велевте дека Арбен Фетаи е Артан Груби на Алијанса за Албанците. Овие се ваши зборови – Арбен Фетаи е Артан Груби на Алијанса за Албанците… а за промена на дресовите, ти си тој кој ги менуваш дресовите“, изјави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.

„Ние сме конзистентни на таа линија, а за тоа што велите вие дека се вративте кај народот, јас гледам дека се вративте кај ДУИ“, изјави Аднан Азизи од коалицијата ВРЕДИ.

Од ДУИ пак побараа предвремени парламентарни избори поради, како што велат, влошените меѓуетнички односи.

„Да се оди на предвремени парламентарни избори, каде ние како Дмеократска унија за интеграција и како Европски фронт, повторно ви велиме дека е идеална можност со локалните избори да се оди и на парламентарни избори и суверенитетот уште еднаш да одлучи за легитимноста и да се излезе од оваа внатрешна и надворешна криза“, изјави Блерим Беџети од ДУИ.

„Имате бегалци, ризикувате партијата многу скоро и таа да ви биде на црната листа, поради криминал и не мислам дека Албанците во Македонија сакаат да имаат такви репрезенти“, изјави премиерот Мицкоски.

Инаку, на седницата беше избран и Албрим Хоџа за нов заменик министер за земјоделство.

TV21

Read Previous

Денес дебата во Собранието за нов министер за здравство

Read Next

Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје