June 10, 2025

Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Од Центарот за управување со кризи информираат дека авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 11.06.2025 година (среда), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се наведува во известувањето од ЦУК. 

Skopjeinfo

Read Previous

Азир Алиу избран за нов министер

Read Next

Последен училиштен ден – стартува летниот распуст