
Томас Вајц, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, побара да одложување на гласањето за извешајот за Македонија. Извештајот ги крена страстите и во Македонија и во Бугарија.
Вајц се реши да им даде шанса на европарламентарците од Бугарија кои ја спореа неговата работа, и го обвинуваа дека имал задткулусни средби со, како што рекоа, „надворешни факгори“, мислејќи на македонски претставници, и сето тоа влијаело на ставовите во извештајот.
Известувачот Вајц одговори на притисоците на бугарските претставници да се одложи расправата за извештајот за нашата земја за 24 јуни.
На почетокот на расправата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), Вајц нагласи дека имало „интензивна дебата околу извештајот“. Дополни дека стои целосно зад неговата содржина, и неговата улога е да се осврне на состојбите на Македонија, а не да го решава спорот со Бугарија.
Бугарските европратеници изразија сомнежи во интегритетот на извештајот, и пријавуваат неправилности, вклучително и предвремено протекување на информации, односно клучни елементи од нацрт-документот, а како пример ја наведуваат изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се бара да се вклучи зборот „сегашен“ пред македонски идентитет и македонски јазик.
Покрај одложување на гласањето за извештајот, европратениците од Бугарија бараат Парламентот да спроведе внатрешна истрага за евентуално кршење на внатрешните процедури за да се утврди изворот на протекувањето, и побарале во следниот период повторно да се преговараат спорните текстови.
Премиерот Христијан Мицкоски во измиантите неколку денови бараше лобирање од страна и на опозицијата до европарламентарци за извештајот. Тој напомена дека имал голем број телефонски разговор, но не сподели информации од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ во врска со гласањето.
TV21