July 21, 2025

Андоновски: Целосна дигитализација на Македонија до 2035 година

Се насочуваме кон дигитална заедница, но не смееме да бидеме само имитатори на актуелните случувања, туку треба да ги обликуваме заедно со развиените земји.

Овој проблем не познава ограничувања, секоја држава, дури и најмалата, доколку поседува солиден ИТ капацитет кај персоналот и позитивни навики кај жителите, како и ако гради дигитална инфраструктура, може да прави огромни прогресивни чекори, изјави денес министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски пред отворањето на конференцијата што ја организира Блумберг Адриа.

Андоновски ја предвидува Македонија комплетно дигитализирана во периодот од 2030 до 2035 година. Тоа, нагласи тој, е стратегијата на Владата.

„Нашата стратегија е се што е процес во позадина во јавната администрација да биде дигитализиран за да понуди добри услови за водење бизнис, за раст на економијата и за благосостојбата на граѓаните“, потенцира Андоновски.

Според него, најновите податоци сигнализираат дека растот на ИКТ индустријата од над 4,4 отсто е еден од главните во зголемувањето на БДП. „На тој начин треба да размислуваме. Ова е нашиот потенцијал, нашата компаративна предност во однос на другите држави. Немаме големи минерали ресурси, не сме голема територија, немаме многу население, но компаративно сме подобри во ИТ индустријата и тоа треба максимално да го искористиме“, нагласи министерот.

Фокусот на конференцијата е насочен кон трендовите кај клиентите, а присуствуваат претставници од бизнисот, стопанските комори, јавните институции, науката и аналитичари. 





Skopjeinfo

Read Previous

Одложено гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент

Read Next

Хрватска воведува нови правила за сезонските работници од странство