June 5, 2025

Едно девојче загина, десетици се повредени од паника и страв во земјотресот од 5,8 степени што ја потресе Турција

Утринава четиринаесетгодишно девојче го загуби животот, а десетици се повредени поради паника и страв за време на земјотресот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер што го погоди брегот на Мармарис во југозападната турска област Мугла.

Афранур Ѓунлу доживеала напад на паника за време на потресот во округот Фетије и итно била пренесена во болница, но и покрај медицинската интервенција не е спасена, потврди гувернерот на Мугла, Идрис Акбијик.

Земјотресот, кој се случи на длабочина од 67,91 километри и на 10,43 километри од брегот на Мармарис во Средоземното Море, не предизвика големи штети на објектите, но поради паника и страв многумина скокале од височини или бегале од зградите.

Гувернерот Акбијик изјави дека 69 лица биле повредени во земјотресот, а повредите во голема мера се резултат на панични обиди за бегство.

„Вкупно 55 граѓани се примени во болниците. Четиринаесет граѓани одбија да бидат хоспитализирани и им беше укажана лекарска помош на самото место“, рече тој.

„Еден пациент е хоспитализиран, 46 се на лекување во одделите за итни случаи, а осуммина се отпуштени.“

Првичните процени покажаа само мали штети на две згради во Мармарис, како и пукнатини на ѕидовите, но не е пријавено значително оштетување.





AA

Read Previous

Граѓаните наскоро ќе можат да ги имаат своите лични документи во дигитален облик

Read Next

Над 500 пешаци добија казни од полицијата