
Освен за возачите, полицијата изрекува казни и за пешаците кои не ги почитуваат сообрќаајните правила.
Во текот на мај биле санкционирани 527 пешаци, шестмина возачи на електричен тротинет и седум возачи на велосипедисти.
Вчера МВР извести дека во рамки на континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, во текот на минатиот месец полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи издадоа вкупно 21.178 платни налози претежно по основ на прекршоци сторени согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Внимавајте каде минувате улица и крстосница и/или возете на соодветно место со тротинет или велосипед, почитувајќи ги правилата во сообраќајот!
Skopjeinfo