June 1, 2025

Матурантите денеска го полагаат првиот екстерен испит

Повеќе од 15.000 матуранти денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература. Испитот е задолжителен за сите ученици, а најголем дел се пријавени за македонски (9969), албански (4339), турски (292) и српски јазик (10).

Според Државниот испитен центар, вкупно се пријавени 15.004 кандидати – од кои најмногу од стручни училишта (8816), гимназии (5966) и уметнички училишта (222).

Следниот екстерен испит, кој е изборен, ќе се полага на 11 јуни. Најмногу ученици ќе полагаат англиски јазик (13.457), а останатите се пријавени за математика, германски, француски, естетика, филозофија и други предмети.

Испитите се одржуваат во училишта со соодветни услови, а каде тоа не е можно – во факултетски амфитеатри. Околу 2000 тестатори се вклучени во процесот на надгледување.

Матурантите кои нема да ја положат матурата сега, ќе имаат можност тоа да го направат во августовската сесија.

TV21

Read Previous

Мицкоски во Будимпешта се сретна со унгарскиот премиер Орбан

Read Next

Музејот „BunkArt 2“ во Тирана ги открива тајните на комунистичката ера во Албанија