June 1, 2025

Мицкоски во Будимпешта се сретна со унгарскиот премиер Орбан

 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во Будимпешта оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Анадолу.

Како што објави Мицкоски на неговиот профил на социјалните мрежи, разговорот бил фокусиран на „одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија“, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување.

„Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер“, истакна Мицкоски.

Додаде дека во разговорот нагласил дека земјата останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот.

„Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика“, посочи премиерот Мицкоски.

Тој престојува во Унгарија за конференцијата СРАС (The Conservative Political Action Conference), која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативните партии во светот.





AA

Read Previous

Македонското и косовското обвинителство ја унапредуваат соработката во борбата против организираниот криминал

Read Next

Матурантите денеска го полагаат првиот екстерен испит