
Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) направи значаен чекор кон зајакнување на врските меѓу високото образование и јавните институции, со потпишување Меморандум за соработка со Министерството за транспорт на Република Северна Македонија.
Церемонијата за потпишување, одржана во просториите на Министерството, го истакна заедничкиот ангажман на двете страни за унапредување на академскиот развој, соработка во истражувањата и професионален развој.
Меморандумот официјално го потпишаа ректорот на ИБУ, проф. д-р Лутфи Сунар, и заменик-министерката Калтрина Зеколи Шакири.
Со овој меморандум Меѓународниот балкански универзитет станува прв универзитет што официјално потпишува ваков договор со Министерството за транспорт, станувајќи пионер во воспоставувањето стратегиско партнерство, со цел усогласување на академските програми со променливите потреби на транспортниот сектор, јавниот сектор и економскиот развој.
Договорот поставува рамка за идни соработки, меѓу кои студентски практики, заеднички истражувачки проекти и иницијативи што вклучуваат практично учење во академските програми.
Ова партнерство има цел да ги унапреди квалитетот и релевантноста на високото образование, со надминување на јазот помеѓу теоретските знаења и практичната примена. Се очекува студентите подобро да бидат подготвени за професионални улоги и во јавниот и во приватниот сектор.
Со оваа соработка ИБУ ја потврдува својата посветеност на градењето стратегиски партнерства што го збогатуваат образовното искуство и го поддржуваат континуираниот развој на студентите, наставниот кадар и пошироката академска заедница.
AA