
Предлот законот за ратификација на Договорот меѓу македонската влада и Владата на Обидинетото Кралство доби зелено светло од Собраниската комисија за надворешна политика, и се очекува да се најде на дневен ред на пленарна седница.
Предлогот беше поддржан со 10 гласа „за“, и ниту еден „против“.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа поддршка од другите пратеници за овој договор, и рекоа дека тој ќе овозможи економски развој на државата, со голем број инфраструктурни проекти, што на располагање се ставаат 5 милијарди фунти, што е голема инјекција за економијата.
„Ова е историски договор кој е од големо значење за Македонија кој е значаен за политички и економски развој. Само што заврши комисиската расправа по однос на оваа точка, за ратификација на договорот, и продолжува денес на пленарна седница. Овој договор преставува цврст темел со една од најголемите светски сили“, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
TV21