
Вицепремиерот Изет Меџити и министерот за енергетика пристигнаа со електричен автомобил. Овие автомобили ќе бидат достапни за граѓаните од јуни и се дел од првата услуга за изнајмување целосно електрични автомобили во нашата земја, Car Sharing Avant2Go. Ги пробавме и автомобилите.
„Доколку сакате да изнајмите ваков електричен автомобил, километар ќе ве чини 22 денари, додека минутата ќе ве чини 6 денари, достапни се 100 автомобили, на 40 до 60 локации“, рече репортерката на ТВ21, Алмедина Исмајли.
Употребата на целосно електрични возила значи нулта емисија на штетни гасови, што директно придонесува за намалување на загадувањето на воздухот, особено во урбаните средини. Електричните возила се значително потивки од класичните возила, а според светските стандарди, едно вакво возило заменува 10 до 15 приватни возила, нагласи вицепремиерот Изет Меџити.
„Кар Шеринг ја намалува потребата за купување втор автомобил или трет во семејството ослободувајќи ги граѓаните од дополнителни трошоци за одржување, осигурување и паркинг. Проектот Avant2go, не е само технолошка новост туку стратешка инвестиција за еколошка иднина, инфраструктурата и економијата на државата.“, рече Меџити.
Министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека Кар шеринг е поекономично од такси, затоа им го препорача на студентите.
Основачот на проектот Матеј Цер рече дека за две до три години во Македонија ќе има околу 1000 електрични автомобили на услуга на граѓаните и низ другите градови.
„Денес започнува во Скопје, во јуни очекуваме до 100 автомобили, секој месец очекуваме се повеќе и повеќе и очекуваме сериозна бројка да достигне до 1.000 автомобили во период од две до три години, а паралелно услугата ќе се развива и во други градови во Македонија“, изјави Цер.
Avant2Go е услуга за изнајмување автомобили што нуди 100% електрични автомобили за привремена употреба. Корисниците можат да резервираат и користат автомобили за различни временски периоди, плаќајќи само за времето на користење. Возилата се во сопственост на компанијата Avant2Go Car-Sharing – Macedonia, а ќе можете да ги резервирате со апликација, која може да се преземе од денес.
TV21