May 27, 2025

За изборот на нов министер на местото на Таравари се чека предлогот од Владата

Премиерот треба да го предложи новиот министер за здравство, кој ќе го замени Арбен Таравари. Кога ќе дојде на дневен ред, предлогот во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе се најде на првата наредна седница. Вака претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, одговори на прашањето кога ќе се избира новиот министер за здравство.

Претходно, првиот вицепремиер Изет Меџити соопшти дека Азир Алиу ќе биде нивен предлог за оваа функција, а по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.

Од „Вреди“, деновиве, по новиот раскол во Алијансата за Албанците, уверуваат дека мнозинството е стабилно, а тоа денес го потврди и Гаши одговарајќи на новинарско прашање. Рече дека во однос на таа тема не постои дилема, па додека партијата на Таравари се сели во опозиција, неколку пратеници остануваат дел од „Влен“.

„Владата и парламенталното мнозинство ќе работат со целиот капацитет“, рече Гаши.

Алијансата за Албанците има пет пратеници во актуелниот парламентарен состав. 





Skopjeinfo

Read Previous

Францускиот јазик ќе се изучува како изборен предмет во петто одделение во училиштата

Read Next

Словенија размислува за повлекување од Евровизија поради учеството на Израел