May 26, 2025

Ракометарите на АЕК се повлекоа да играат против Алкалоид во Скопје

Финалниот натпревар во ЕХФ Европскиот Куп помеѓу Алкалоид и АЕК кој требаше да се игра во 20:30 часот во СЦ Борис Трајковски во Скопје, најверојатно нема да се одигра, откако грчките ракометари одбиваат да излезат на теренот, поради заканите од своите навивачи.

Неколку стотина навивачи од Атина допатуваа во Скопје, но не успеале да влезат во салата поради безбедносни причини. Тие веќе тргнале да се враќаат назад, и според неофицијалните информации, наводно им се заканиле на ракометарите ако го играат мечот, тогаш да не се вратат на теренот.

„Натпреварот вечерва нема да се одигра. Противничкиот тим одби да се појави на терен поради несогласување со сопствените навивачи. За сите натамошни информации ќе бидете благовремено известени“, објави официјалниот спикер на натпреварот.

Сега се очекува соопштение од ЕХФ за понатамошните чекори. Натпревар вечерва сигурно нема да се игра.

Ракометарите на АЕК излегоа на загревање, а потоа беа повикани назад во соблекувалната.

Алкалоид има предност од 29-25 од првиот натпревар од Атина. Ова требаше да биде реваншот, и да се додели големиот трофеј.




ТV21

Read Previous

Зулфикар Зејнула е нов претседател на Демократската партија на Турците во Македонија