May 24, 2025

Утре нов марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Седмиот „Марш за ангелите“ за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи утре во Кочани.

Маршот на кои семејствата повторно ќе побараат неселективна правда ќе почне во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Поддршка на маршот даде и движењето „Кој е следен?” кое организира бесплатен автобуски превоз од Скопје до Кочани.





ZOOM

Read Previous

Турција до април ја посетиле 10,59 милиони странски туристи