May 24, 2025

Двајца загинати во тешка сообраќајка во Скопје

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје две лица го загубија животот.

„Денеска во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на булеварот „8 Септември“ со булеварот „Никола Карев“ во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР





ZOOM

Read Previous

Македонија и ЕУ го започнаа првиот Дијалог за безбедност и одбрана