May 23, 2025

Зголемена продажбата на половните автомобили во првиот квартал од годинава

Најновите податоци на голем број европски извештаи покажуваат дека во Европа и во регионов повторно има раст во продажба на половни автомобили и во 2025 година.

Голем удар доби автомобилската индустрија за време на корона кризата. Поради проблеми во синџирите на снабдување, особено недостигот на чипови, значително го намали производството на нови автомобили. Така и почна трендот за побарувачка на половни автомобили. Иако помина неколку години од короната, цените на половните автомобили останува да расте. Луѓето се навикнаа на купување увезени автомобили.

Но ова не важи и за електричните автомобили. Европските власти се надеваа дека електричните автомобили ќе го превземат пазарот. Сепак се случи токму спротивното. Од година во година продажбата, а и цените, на електричните автомобили полека ни сигурно опаѓаат. Возачите остануваат да бираат помеѓу автомобили со внатрешно согорување или со хибриден погон.

Се очекува цените на половните автомобили да останат високи во блиска иднина, особено за популарните модели. Сепак со стабилизацијата на пазарот и зголемување на понудата можно е постепено намалување на цените во наредниот период.





Skopjeinfo

Read Previous

Муцунски ја пречека Каја Калас: Ќе разговараме за недвосмислената европска перспектива

Read Next

Британската амбасада по договорот: Почнува нова ера во односите со Северна Македонија