May 22, 2025

Мицкоски изјави дека од следната недела ќе се знае предлогот за министер за здравство

Премиерот Мицкоски очекува веќе следната недела да достави предлог до собранието за нов министер за здравство, откако Арбен Таравари реши да ја напушти функцијата и да излезе од Владата. Мицкоски вели дека до крајот на неделава очекува да се дефинираат и другите кадровски решенија за испразнетите места од Алијансата на Албанците и веќе од понделеник да ги достави до пратениците. 

Во меѓувреме на државната клиника за гинекологија денеска најавија реновирање и финансиска инвестиција за ин-витро центарот, во кој опремата е веќе застарена. 

Ирена Алексиоска Папестиев – Директорка на УК за гинекологија и акушерство: „Во програмата на Владата и Министерството за здравство се одобрени 27 милиони денари за осовременувње на застарената опрема која 15 години не е обновена и се надевам дека по завршувањето на овој проект повторно ќе можеме да ги следиме светските трендови. Тоа е исклучително важно за држава како нашата затоа што за жал на сите ни е јасно дека наталитетот ни е во опаѓање “

Освен тоа Владата најави и реновирање на клиниката, кое ќе треба да заврши до крајот на годината. Според најавите, ќе има реконструкција и реновирање на платото пред Клиниката, на чекалните, амбулантите, лабораториите и на специјалистичките кабинети. 




ТV24

Read Previous

Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка