May 22, 2025

Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка.

Од нејзиниот кабинет велат дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

Се додава и дека изборот бил тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати.

Трајко Славески е актуелен претседавач со Советот на Град Скопје.




ZOOM

Read Previous

Таравари во Тирана на средба со Рама

Read Next

Мицкоски изјави дека од следната недела ќе се знае предлогот за министер за здравство