May 20, 2025

Сиљановска-Давкова има предлог за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, знае кој ќе биде нејзиниот предлог за нов гувернер на Народната банка, но не сакаше се’ уште да го открие неговото име пред новинарите.

Таа ја спомена и важноста на одлуката кој ќе биде заменик-гувернер на НБРМ, бидејќи неопходна ќе биде соработката меѓу нив.

„Она што со право создаде дебати меѓу вас и прашања, беше нешто што мислам дека би требало да се практикува за секоја функција. Да седнете со сите луѓе кои се споменуваат и да разговарате, да ги прашате секој што мисли за другиот, или што мисли тој дека може да направи. Јас би сакала да има повеќе кандидати, но тоа не е секогаш можно секогаш. Во оваа област е потребна соработка, важно е и кој ќе биде заменик гувернер оти треба да соработуваат меѓу себе“, рече претседателката Сиљановска.

Нагласи и дека разговарала со кандидатите за оваа функција, и низ призмата на експертско знаење, нема проблем. Сме имале среќа во оваа држава, вели Сиљановска, и одлично сме се однесувале кон оваа функција. Ако се погледне наназад ќе се види дека сме имале добри гувернери, подвлече претседателката.

Сиљановска објави и дека консултирала и експерти од областа, луѓе кои се врвни, па дури и кои биле на функцијата.

Седумгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај. Меѓу кандидатите за оваа функција се поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, поранешната вицегувернерка, Маја Кадиевска Војновиќ, како и актуелната гувернерка, Бежоска.





Skopjeinfo

Read Previous

Косово го забрани увозот на пилешко месо од Бразил поради птичји грип

Read Next

Турбуленции во владата и конгресот на ТДП