May 20, 2025

Косово го забрани увозот на пилешко месо од Бразил поради птичји грип

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово објави забрана за увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил поради појава на птичји грип.

Превентивна мерка за заштита на јавното здравје


Агенцијата наведува дека целта на одлуката е да се заштити јавното здравје и да се спречи потенцијалното ширење на болести во Косово.

„Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест која првенствено ги напаѓа птиците и, во ретки случаи, може да се пренесе на луѓето. Иако нема докази што укажуваат дека консумирањето на живинско месо или јајца го пренесува вирусот, забраната за увоз е превентивна мерка за да се обезбеди безбедност на храната за нашите граѓани“, наведува Агенцијата.

Оваа одлука е во согласност со меѓународните практики и ги следи постапките на други земји, вклучувајќи ги Европската Унија и Кина, кои исто така го суспендираа увозот на пилешко месо од Бразил откако беше потврдена епидемијата, се додава во соопштението, пренесува РТК.

Привремената забрана стапува на сила веднаш и е одговор на потврден случај на птичји грип на комерцијална фарма во државата Рио Гранде, Бразил, пријавен од бразилските власти на 16 мај.





АА

Read Previous

Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили

Read Next

Сиљановска-Давкова има предлог за нов гувернер