May 17, 2025

Мицкоски најави инвестиции од 6 милијарди евра од Велика Британија

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството…

Тој најави дека во текот на следните денови ќе бидат објавени сите детали.

„За нас е историски овој настан како држава затоа што, само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство. Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство, договор кој што ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството и така натаму.

Деновите кои што следат ќе бидат објавени сите детали“, рече Мицкоски.

Премиерот вчера најави дека е постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Тој појасни дека ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.

Skopjeinfo

Read Previous

Со такси минатата година превезени 15,8 милиони патници

Read Next

Над 15.000 матуранти ќе полагаат државна матура на 31 мај и 11 јуни