мај 8, 2025

Прекината седницата на косовскиот Парламент, Самоопределување не успеа да обезбеди тајно гласање за избор на Хаџиу

Повторно е прекината конститутивната седница на Парламентот на Косово поради недостаток на кворум.

Конститутивната седница во Парламентот на Косово започна со задоцнување од 30 минути, а со неа претседаваше најстариот пратеник Авни Дехари.

Претседавачот Дехари констатираше дека во салата се присутни 113 пратеници и дека седницата може да продолжи.

На почетокот на седницата Движењето „Самоопределување“ повторно се обиде да ја измени процедурата за гласање и побара формирање комисија за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот за нивната кандидатката Албулена Хаџиу, но повеќето опозициски партии се спротивставија на формирањето ваква комисија и не номинираа свој член за неа.

Во своето обраќање претседавачот Дехари истакна дека пресудата на Уставниот суд ги обврзува пратениците да гласаат „за“ или „против“, а не да се воздржуваат од гласањето.

„За гласаа 56 пратеници, еден против и ниту еден воздржан“, изјави Дехари.

Кандидатката на Движењето „Самоопределување“, Албулена Хаџиу, не успеа да го обезбеди потребниот минимум од 61 глас, поради што седницата повторно беше прекината.




AA

Read Previous

Тошковски: Се соочуваме со нови форми на криминал

Read Next

Во Македонија живеат 16 вида змии, од кои три се отровни