април 30, 2025

Ердоган во Италија: Италијанските компании треба да ја гледаат Туркије како порта кон Азија, Блискиот Исток и Африка

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика италијанските компании да ја гледаат Туркије како порта кон Азија, Блискиот Исток и Африка, исто како што турските компании ја гледаат Италија како порта кон Европа.

„Економијата на Туркије продолжува да расте и покрај конфликтите и војните во регионот, како и разорниот земјотрес од 2023 година“, рече Ердоган на бизнис форумот во Рим.

Анкара е решена да ја спроведе својата економска програма, рече Ердоган, додавајќи дека е посветена и на подобрување на инвестициската клима и на спроведувањето на структурните реформи.



AA

Read Previous

Тошковски останува министер за внатрешни работи, интерпелацијата во Собранието не помина