април 26, 2025

МВР со детали за вчерашното пукање кај Бит Пазар

На 25.04.2025 околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје.

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две лица кои со мотор дошле и почнале да пукаат кон лице кое било веќе на локацијата, при што А.С.(31) од Скопје за здобил со прострелна рана и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 16.00 починал.

На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од околните продавници, како и неколку паркирани возила.

Се преземаат оперативни тактички мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот. 




TV21

Read Previous

Средба Муцунски – Ибрахимовиќ: Полноправното членство во ЕУ стратешка цел и клучен надворешнополитички приоритет

Read Next

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска на погребот на Папата Франциск