април 26, 2025

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска на погребот на Папата Франциск

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост Папата Франциск, што ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан.

Со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.

На последното испраќање на Папата на плоштадот Свети Петар, како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, најавено е присуство на бројни светски лидери – претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и на околу 200.000 верници.

Папата Франциск на негова желба ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.  





Skopjeinfo

Read Previous

МВР со детали за вчерашното пукање кај Бит Пазар

Read Next

Реткост во Европа – Во Сараево на една улица храмови на сите религии