
Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за македонските граѓани. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека тоа е резултат на барање на нашата влада, при последната посета во ОАЕ.
„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја!
Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство.
Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина.
Нека е честито.“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
TV21