април 19, 2025

„Дуо концерт на флејта и пијано“ во организација на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје

„Дуо концерт на флејта и пијано“ во изведба на Пинар Челик, пијанистката од Туркије и флејтистката Даниела Неделковска, се одржа во Даут-пашин амам, во историската турска чаршија во Скопје.

На концертот што се одржа во Даут-пашин амам во историската турска чаршија во Скопје, присуствуваа претставници на турски институции и организации во земјава, љубители на уметноста и голем број гости.

Јунус Дилбер, директорот на Институтот „Јунус Емре“ Скопје, изјави дека концертот е само еден од настаните што ги организирал институтот и дека во периодот што следи ќе организираат настани од различен карактер.

Пинар Челик, пијанистката од Туркије, изјави дека концертот е показател на македонското и турското братство на културна основа.

Челик истакна дека на концертот извеле избор од делата на турски и македонски композитори и ѝм се заблагодари на амбасадата и ИЈЕ за укажаната поддршка.

Флејтистката Даниела Неделковска го опиша концертот како прекрасно искуство и изрази надеж дека љубителите на уметноста уживале во концертот заедно со нив.

„Дуо концерт на флејта и пијано“ на дуетот на Челик – Неделковска привлече големо внимание кај публиката.






AA

Read Previous

Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија

Read Next

Од денеска јавно ќе се објавуваат цените на маркетите – трговците бараат одложување