април 16, 2025

ТИКА организираше „Напредна обука за зелена трансформација“ во Тетово

Модулот освен во Северна Македонија, истовремено се спроведе и во Косово, Азербејџан и Туркменистан; и опфаќа процес на обука во три фази: основен, напреден и пракса.

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) организираше „Напредна обука за зелена трансформација“ во Тетово, во соработка со Универзитетот „18. Март“ од Чанаккале и Универзитетот во Тетово, известува Анадолу.

Во програмата што ја спроведоа студентите од Факултетот за инженерство при Универзитетот во Тетово, студентите кои претходно постигнале успех во првата основна фаза спроведена онлајн, во рамките на втората фаза од модулот, го завршија и напредната настава со директна настава.

Говорејќи на церемонијата на доделувањето сертификати што се одржа на Универзитетот во Тетово, координаторката на ТИКА – Скопје, Февзије Шејма Бабајигит, го рече следното:

„Како ТИКА, со програмите на обука за зелена трансформација што ги спроведуваме во соработка со Универзитетот „18. Март“ од Чанаккале, имаме за цел да ги споделиме искуствата на нашата земја на ова поле и да ја зајакнеме соработка со земјите во кои била спроведена обуката. Се стремиме да спроведуваме развојни активности ориентирани кон луѓето, особено преку силни партнерства со јавни институции, универзитети, општини, училишта и невладини организации“.

Координаторката на проектот од Универзитетот „18. Март“ од Чанаккале, д-р Дилвин Ипек, во своето обраќање го рече следното:

„Отворањето на патеката во кариерата како ‘зелена крагна’ за перспективните млади луѓе од Северна Македонија во процесот на зелена трансформација и давање поддршката на ова поле, нѐ прави исклучително среќни и мене и моите колеги. Оваа обука е важна можност за младите луѓе кои ќе бидат менаџери и носители на одлуки во иднината“.

Проф. д-р Салајдин Салихи, проректор на Универзитетот во Тетово, истакна дека планетата Земја е од голема вредност за човештвото и истакна дека нејзината заштита е човечка должност.

Салихи изјави дека обуките за Зелена трансформација организирани со поддршка на ТИКА, во соработка со Универзитетот „18. Март“ од Чанаккале и Универзитетот во Тетово во таа насока се од големо значење.

Во рамките на програмата за „Напредна обука за зелена трансформација“ 11 студенти добија сертификат за учество.

Како резултат на спроведениот испитот, 5 студенти беа наградени со сертификат за успех.

Студентите кои постигнаа успех ќе имаат можност да спроведат пракса во големи компании во Чанаккале како дел од обуката за практикантска работа, која е трета фаза од програмата.

Сметан како важен чекор во борбата против климатските промени, „Модулот за обука за зелена трансформација“ има за цел да ги обучи студентите по инженерство да преземат активна улога во процесите на зелена трансформација.

Во тој контекст, целта е да се обезбеди поддршка на процесот на Европскиот зелен договор на меѓународно ниво, за студентите да имаат можност да се вработат како „зелена крагна“ отворајќи нови кариерни патеки на тоа поле.

Модулот освен во Северна Македонија, истовремено се спроведе и во Косово, Азербејџан и Туркменистан; и опфаќа процес на обука во три фази: основен, напреден и пракса.

AA

Read Previous

Со 7 нови полицајци се проширува истрагата за Кочани