април 16, 2025

Со 7 нови полицајци се проширува истрагата за Кочани

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, во вечерашното интервју за ТВ Телма откри дека истрагата во врска со настанот во Кочани се проширува со приведување на уште седум полициски службеници.

-Во моментов добив известување дека има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и во моментов истите ќе бидат приведени. Истрагата се проширува за уште седум полициски службеници во врска со настанот за кабарето „Пулс“, вели Коцевски. 

„Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава. Повеќе информации во текот на утрешниот ден“, велат од ОЈО.

TV21

Read Previous

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехника во простории од затворен тип

Read Next

ТИКА организираше „Напредна обука за зелена трансформација“ во Тетово