април 2, 2025

„Кој е следен?“ – денеска пред Собрание повторно се постави ова прашање

Граѓанското движење „Кој е следен?“, денес во 11 часот организираa нов протест, кој ќе се одржи пред Собранието. Во најавата, се повикуваат оние кои ќе присуствуваат да си понесат и столче.

„Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме. Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее“ велат од „Кој е следен?“, кои повторно почнаа со протести по трагедијата во Кочани.

Најавија дека микрофонот е отворен за секој граѓанин кој сака да го изнесе своето мислење околу барањата, или да сподели генерален став за моменталната состојба.





Skopjeinfo

Read Previous

Албанскиот премиер Рама: На Европа ѝ се потребни сојузници како Туркије и Блискиот Исток

Read Next

Со бајрамската утринска молитва муслиманите од регионот го дочекаа Рамазан бајрам

Most Popular