март 25, 2025

Никој не знае како Додик ја напуштил БиХ, граничната полиција истражува

Граничната полиција на Босна и Херцеговина отвори истрага за тоа како и каде лидерот на босанските Срби Милорад Додик ја преминал границата  и отишол во Србија во  и покрај фактот што по него била распишана полициска потерница.

Судот на БиХ наредил притвор и издадал налог за апсење на Додик, како и на премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и на претседателот на ентитетскиот парламент, Ненад Стевандиќ, поради фактот што тие одбиле да одговорат на поканите за распит што им ги упатил судскиот процес за кривично дело за загрозување на уставниот поредок на БиХ.

Налогот за апсење, кој во моментов  важи за територијата на Босна и Херцеговина, ги обврзува сите полициски агенции во таа земја да ги уапсат Додик, Вишковиќ и Стевандиќ и да ги предадат на судската полиција . Тоа важи и за Граничната полиција, чии припадници речиси секојдневно при редовни гранични контроли пронаоѓаат и приведуваат лица по кои некои од судовите во земјава распишале потерници.

Но, и покрај налогот за апсење, Додик некако успеал непречено да ја помине границата и да се појави во Белград, каде заедно со српскиот претседател  Александар Вучиќ присуствувал на собирот организиран од српската  влада по повод годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз тогашната Сојузна Република Југославија

Дел од федералните пратеници на собранието во Сарево изјавија дека е вистинска енигма  како Додик стигнал до Белград  Тие  најавија  свикување на посебна седница на комисијата поради овој инцидент кој ја доведе во прашање состојбата на безбедносниот сектор во босанско херцеговската федерација.

Slobodenpecat

Read Previous

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, се одземаат 479 поради неправилно работење

Read Next

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица