март 26, 2025

Во Скопје се одржа протестен марш за настраданите од пожарот во Кочани

Илјадници граѓани се собраа на плоштадот Македонија со повикот на иницијативата „Кој е следен?“

Во Скопје се одржа протестен марш за настраданите во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани, во кој загинаа 59 лица, известува Анадолу.

Илјадници граѓани се собраа на плоштадот Македонија со повикот на иницијативата „Кој е следен?“.

Демонстрантите одржаа три минути молк за жртвите од пожарот, запалија свеќи и положија цвеќе.

Присутните потоа тргнаа кон зградата на Собранието и Градската болница, аплаудираа пет минути во знак на поддршка на здравствените работници, а потоа се упатија кон зградата на владата.

Учесниците на маршот извикуваа „Доста беше смрт“, „Секој еден, може да е следен“, „Правда за жртвите“ и „Доста бевме ние, системот е следен“.

За време на маршот беа видени и транспаренти со натписи „Системот е следен“, „Вашиот систем уби една цела генерација”, „Нема тишина, само правдина“ и „Ваш профит, наши животи“.

На учесниците на протестот активистот Бленди Ходаи им се обрати со зборовите:

„Вечерва сме собрани тука поради болка, поради неправда и поради трагедии кои можеа да бидат спречени“.

Тој повика на промени, велејќи дека повеќе нема да молчат пред неправдите.

Демонстрантите, одржаа 16-минутен молк пред Владата и мирно се разотидоа по обраќањето на говорниците.

– Пожарот во ноќниот клуб во Кочани

На 16 март, околу 03:00 часот, во ноќен клуб во градот Кочани избувна пожар предизвикан од употреба на пиротехнички средства за време на вечерна забава.

Во пожарот загинаа 59 лица, а повеќе од 170 беа повредени. Дванаесет од повредените беа префрлени на лекување во Истанбул и Анкара со авиони на брза помош испратени од Туркије.

Врз основа на спроведените истрагите, премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски информираше дека ноќниот клуб во Кочани не работел според прописите и имал фалсификувана лиценца за работа. Започната е истражна постапка против најмалку 34 лица, меѓу кои е и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски информираше дека ноќниот клуб во Кочани не работел според прописите и имал фалсификувана лиценца за работа.

Владата на Северна Македонија прогласи седумдневна национална жалост по инцидентот.

По немилиот настан оставка поднесе градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов,

Полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани спроведоа акција во која се приведени поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски, и градоначалникот во оставка, Љупчо Папазов.

Ратко Димитровски беше градоначалник на Кочани во периодот 2009-2017 година, додека Николчо Илиев во периодот 2017-2021 година.




AA

Read Previous

Пред протестите за Кочани – апел да запре говорот на омраза

Read Next

Директорот на А репрезентацијата заврши во притвор и разрешен од функцијата