март 25, 2025

Без возачка дозвола и со двојно поголема брзина – уапсен возач во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 12:48 часот, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на булеварот „Александар Македонски“ сопреле патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од лицето М.Е.

Возачот бил фатен како се движи со брзина од 104 километри на час во населено место каде дозволената брзина е 50 километри на час. Дополнително, било утврдено дека М.Е. управувал со возилото без да поседува важечка возачка дозвола.

Skopjeinfo

Read Previous

Таравари најавува исписи на пациенти: Здравствениот систем релативно добро се справи со состојбата

Read Next

Законите да бидат ослободени од коруптивните ризици – Антикорупциската комисија врши проверки