
Српското Министерство за информации и телекомуникации денеска издаде јавно предупредување и побара од српските медиуми да ги отстранат фотографиите и снимките што „го нарушуваат достоинството на жртвите и нивните семејства“ од погребот на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани.
„Со таквото дејствување, бројни медиуми го нарушија достоинството на жртвите, предизвикаа вознемиреност кај нивните роднини и целата јавност, но и демонстрираа недостиг на свест за потребата од почитување на елементарните професионални стандарди“, се вели во соопштението на Министерството.
Министерството апелираше до медиумите да се придржуваат до законските одредби, професионалните и етичките стандарди при известувањето за прашања од јавен интерес.
Тие укажаа на потребата од „зголемено новинарско внимание“ во случаите што вклучуваат теми што можат дополнително да ја вознемират јавноста.
Skopjeinfo