март 21, 2025

Владата со апел: Медиумите кои шират фотографии и видеоматеријали од погребот веднаш да ги да ги отстранат таквите содржини

Владата преку соопштение уште еднаш упати апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар кој настана во кочанската дискотека да се придржуваат до етичките принципи. Од Владата посочуваат дека најголем дел од медиумите не емитуваат и шират фотографии и видеоматеријали од семејствата на настраданите, а до оние кои објавиле такви содржини упатен е апел истите да се придржуваат до етичкото информирање.

„Чувствителноста на трагедијата и личната болка на семејствата во овој момент не треба да биде мета на сензационализам, емотивни наративи, фотографии и видеа. Ги повикуваме медиумите да ги почитуваат приватноста и достоинството на семејствата и во никој случај со медиумското известување не треба да се предизвика лично вознемирување и вознемирување на јавноста. Уште еднаш упатуваме апел до медиумите да пренесуваат проверени факти, да избегнуваат шпекулации и дезинформации, да ја запазуваат приватноста на семејствата на жртвите.

Во исто време им се заблагодаруваме на медиумите кои известуваа професионално и ги почитуваа препораките за известување од погребот на жртвите од трагичниот настан“, се вели во соопштението на Владата.




Skopjeinfo

Read Previous

Црвен крст собра 34.836.205,00 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Read Next

МВР ги приведе поранешните градоначалници на Кочани, Илиев и Димитровски, и градоначалникот во оставка Папазов