
Само во првите два часа, откако беше отворен пунктот Софија, над 120 луѓе дарувале крв за настраданите во трагедијата во градот Кочани.
Бугарскиот Црвен крст, Националната болница за превенција и контрола на заразни болести и Националниот центар за трансфузиона хематологија започнаа крводарителска акција за повредените во Кочани.
До крајот на неделата на паркингот на болницата Пирогов во Софија ќе има шатор каде медицинските од болницата ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв.
Воедно, роднините на пациентите кои се лекуваат таму ќе добијат психосоцијална поддршка доколку е потребно.
TV21