март 18, 2025

Погребот на жртвите од трагедијата во Кочани ќе се одржи во четврток, 20-ти март

На денешната прес-конференција, Стојанче Ангелов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), соопшти дека погребот на 59-те загинати во Кочани ќе биде во четврток, 20 март, а точното време ќе биде објавено дополнително.

„На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави Ангелов.

TV21

Read Previous

Ден на жалост и во балканските земји поради трагедијата во Кочани