мај 4, 2025

Во Анкара продолжува лекувањето на шестмина тешко повредени во пожарот во Кочани

Повредените се згрижени во Центарот за изгореници при Градската болница „Билкент“, а според информациите, нивната здравствена состојба останува сериозна.

Лекувањето на шестмина тешко повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани, Северна Македонија, продолжува во Анкара, каде што беа пренесени со воен авион за натамошен третман, јавува Анадолу.

Авионот на Министерството за национална одбрана на Туркије, кој ги превезуваше повредените, слета на воениот аеродром „Етимесгут“ во 02:00 часот.

Оттаму со амбулантни возила повредените беа транспортирани до Градската болница „Билкент“ во Анкара, каде што се згрижени во Центарот за изгореници.

Според информациите од болницата, нивната здравствена состојба останува сериозна.

Во пожарот што избувна во ноќен клуб во Кочани во 03:00 часот изутрина по локално време на 16 март, загинаа 59 лица, а 155 се повредени, од кои 22 се во тешка состојба.

Деветмина од повредените се пратени на лекување во Туркије.




AA

Read Previous

Утре ден на жалост и во БиХ по трагедијата во Кочани

Read Next

Заврши распитот на Папазов, ќе чека одлука на Обвинителството за неговиот натамошен статус