март 10, 2025

Симулациска вежба за вонредни состојби на Меѓународниот аеродром Скопје

На Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува симулациската вежба за вонредни состојби, што се одржува од вчера во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија.

Од МВР апелираат до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир.

За одвивањето на вежбата најавени се изјави од директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев и претставници на ТАВ Македонија.





Skopjeinfo

Read Previous

Разводите во пораст за 23,9%, а склучувањето бракови во опаѓање