април 22, 2025

Македонија нема да испраќа војници во Украина

Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која ќе го гарантира мирот во земјата. Според извори во МНР, одлуката е донесена бидејќи како земја-членка на НАТО, Македонија не смее да дозволи каков било безбедносен вакуум од регионална гледна точка, пренесе „Дојче Веле“.

Фокусот на земјата во следниот период мора да биде на регионот и на источното и јужното крило на НАТО. Допрва ќе се одлучува и дали ќе продолжи воената помош којашто земјата и ја дава на Украина, за одбрана од руската агресија.

Државната позиција е дека Русија спровела воена агресија врз Украина, но истовремено во МНР сметаат дека е дојдено време за дипломатија и за мир и оти принципиелно ќе поддржуваат секоја иницијатива што е насочена кон изнаоѓање на мир.

Според извори од МНР, правецот на македонската надворешна политика е јасен – стратешко партнерство со САД, членството во НАТО и останување на патот кон неостварената стратешка цел – полноправното членство со Европската Унија.




ZOOM

Read Previous

Во Македонија има речиси 95 илјади невработени лица

Read Next

Државата должи 70 милиони евра на бизнисот, доцни повратот на ДДВ кон компаниите