април 22, 2025

Во Македонија има речиси 95 илјади невработени лица

Стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во земјава има речиси 95 илјади невработени граѓани кои влегуваат во категоријата на работоспособно население. Најмногу вработени има во преработувачката индустрија.

Според ДЗС, стапката на активност во овој период е 52,5, а стапката на вработеност 46,2.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во државава  изнесува 795.321 лице, од кои вработени се 700.526, а 94.795 лица се невработени. 





Skopjeinfo

Read Previous

ТикТок забранет во Албанија на 1 година

Read Next

Македонија нема да испраќа војници во Украина