
Насобраните граѓани пред Градското собрание извикуваа „Рацете ви се крвави“ и фрлаа со јајца и црвена боја кон зградата на Градското собрание.
Група граѓани кои се собраа пред влезот на зградата на Градското собрание во Белград, физички се пресметаа со обезбедувањето. Конфликтот избувна кога граѓаните се обидоа да ја тргнат заштитната ограда пред зградата, јавува Анадолу.
По неколку минути обезбедувањето е заменето со полициски службеници кои приведоа неколку лица за кои постои сомневање дека учествувале во тепачка со обезбедувањето.
Граѓаните го опколија полициското возило не дозволувајќи му да се движи, а неколку опозициски советници и граѓани дојдоа во судир со полицијата.
Насобраните граѓани пред Градското собрание извикуваа „Рацете ви се крвави“ и фрлаа со јајца и црвена боја кон зградата на Градското собрание.
Собирот претходно беше најавен преку социјалните мрежи, а еден од главните организатори е Иницијативата „Мостот останува“ која се противи на отстранувањето на Стариот савски мост.
Организаторите на собирот повикаа на блокирање на седницата на Градското собрание во Белград, која почна нешто по 10 часот.
Како што наведоа, „единствените легитимни точки на дневниот ред треба да бидат поддршка на студентските протести и мораториум на нетранспарентните градежни проекти“.
Членовите на опозицијата успеаја накратко да ја прекинат седницата на Градскиот совет со интонирање на химната на Република Србија. Советниците од движењето „Започни промени“ и од „Зелено-левиот фронт“ раширија српски знамиња пред говорницата. Тие ги поканија членовите на владејачкото мнозинство да им се придружат во интонирањето на химната, но тие останаа на своите места.
Советникот Саво Манојловиќ од движењето „Започни промени“ рече дека седницата се одржала нелегално и дека „претседавачот нема записник, ниту знае што се гласа или како се гласа“.
AA