март 6, 2025

Мицкоски се сретна со Претседателот на хрватскиот Сабор: Унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат 

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека остварил средба со Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ.

„Денеска остваривме средба со Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, на која разговаравме за унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија.

Хрватска останува наш важен партнер и пријател, а заедничките иницијативи ќе продолжат во духот на стабилност, просперитет и взаемна поддршка“, вели Мицкоски во својата објава на фејсбук.





TV21

Read Previous

Српските студенти повикаа на генерален штрајк во петок

Read Next

Физичка пресметка меѓу граѓаните и обезбедувањето пред Собранието во Белград