
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) заедно со рекорден број коегзибитори учествува на Интернационалната туристичка берза ИТБ Берлин која се одржува од 4 до 6 март 2025 година. На најголемиот саем за патувања, иновации, знаење и инспирација за поместување на туристичките граници, се промовираат македонските дестинации и туристички продукти кои ја прават Македонија конкурентна на туристичкиот пазар, информираат од Агенцијата.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) заедно со рекорден број коегзибитори учествува на Интернационалната туристичка берза ИТБ Берлин која се одржува од 4 до 6 март 2025 година. На најголемиот саем за патувања, иновации, знаење и инспирација за поместување на туристичките граници, се промовираат македонските дестинации и туристички продукти кои ја прават Македонија конкурентна на туристичкиот пазар, информираат од Агенцијата.
Како што истакнуваат, со својата единствена разновидност и учество на 190 земји и региони, со 5 600 изложувачи светската туристичка берза ИТБ Берлин ги отворила вратите за илјадници туристички посетители кои нудат атрактивни и иновативни туристички продукти.
-Македонските туроператори Фибула Травел, Бадем Тур, Експириенс Балкан, ДМЦ Балкан, Ајдинис Травел, Вишко ДМЦ, Камелија Турс, Визит Балкан, Балкан Приме тоурс, Балкан Тоуринг, Вардар Експрес, Делфина Турс и Бохемија, како и хотелиерите Хотел Тино Охрид, Хотел Мериот Скопје, Хотел Инекс Олгица Охрид, Хотел и Спа Цар Самуил, Шар Аутдорс Интернационалниот аеродром ТАВ Скопје и АБЦ рента а кар турс, со конкурентна понуда и услуги ги промовираат можностите кои ги нуди Македонија за светските патувачи, се вели во денешното соопштение од АППТ.
Германскиот туристички пазар, нагласуваат, станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 38.000 туристички посети и 75.000 ноќевања, со реализиран 8-процентен раст за 2024 година, споредбено со 2023.
На вториот саемски ден во Берлин, директорката Билјана Стефаноска остварила средба со претставници на Алијанса на независни туристички трговци (ASR) на која се разговарало за можностите за вмрежување и соработка со германските туроператори и проширување на туристичките пазари.
-Во соработка со СИППО – Швајцарска програма за поддршка на извозот, АППТ има потпишано Меморандум на соработка со германската организација Алијанса на независни туристички трговци (ASR) која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија со фокус на основање меѓународни партнерства. Mакедонскиот штанд беше посетен од германски студенти организирани од “ASR” на кои им беа презентирани можностите за туристичка посета на Македонија со сите природни и културни богаства, со изобилство од авантуристички тури и адреналински рекреации, информираат од АППТ.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изразува благодарност до македонскиот амбасадор во Берлин, Илбер Села за поддршката и активното учество во промоцијата на Македонија на највлијателниот и најголемиот саем за туризам ИТБ Берлин. Директорката Билјана Стефаноска заедно со тимот од АППТ оствариле посета на македонската амбасада во Берлин каде се разговаараа можностите за превземање на активности кои ќе резултираат со зголемена промоција на македонските туристички дестинации на германскиот пазар.
Kurir