март 6, 2025

Српските студенти повикаа на генерален штрајк во петок

Студентите од Нови Сад во блокада повикаа на генерален штрајк во Србија за утре (7 март), пренесе Данас.

Студентите ги повикуваат граѓаните да земат слободен ден или боледување, да ја прекинат работата заедно со колегите, да не купуваат во продавници, да не користат угостителски услуги, јавен превоз и тој ден да не одат во кино и театри. Оваа акција беше изгласана на универзитетскиот пленум во Нови Сад, а беше поддржана и од студенти од другите делови на земјата.

Идејата, велат тие, е да се повтори 24-ти јануари, кога се случи првиот генерален штрајк кој беше оценет како успешен. Студентите најавија дека во иднина ќе повикуваат на почести генерални штрајкови низ земјата.

На првиот генерален штрајк се одзваа голем број приватни компании и служби од јавниот сектор ширум Србија.

Read Previous

Речиси 700 возачи казнети од МВР за едно деноноќие

Read Next

Мицкоски се сретна со Претседателот на хрватскиот Сабор: Унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат