
Петгодишно дете од делчевското село Тработивиште заврши во болница откако се затруло со поголема количина апчиња, кои ги испило додека не било под надзор на родителите.
Детето веднаш со итна медицинска помош било испратено во Општа болница со проширена дејност – Кочани, од каде поради сериозноста на труењето било испратено на Клиниката за детски болести во Скопје за понатамошно лекување.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
TV21