
Народната банка на Македонија ги објави податоци за странските директни инвестиции за 2024 година. Од она што може да се забележи е дека остварени се историски највисоки 1,25 милијарди евра.
„Во текот на четвртиот квартал од 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 397,5 милиони евра, како резултат на зголемените нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (296,7 милиони евра) и зголемените инвестиции во сопственичкиот капитал (104,4 милиони евра), наспроти намалувањето кај реинвестирањето на добивката (3,6 милиони евра). Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1.255 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај меѓукомпанискиот долг (за 686 милиони евра), сопственичкиот капитал (313,6 милиони евра) и реинвестираната добивка (255,3 милиони евра)“, се вели во извештајот на НБРМ.
Податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од/кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субејкти.
Skopjeinfo