февруари 28, 2025

Мицкоски во посета на Турција, средба со Ердоган и потпишување на заедничка декларација

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција.

Премиерот Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, при што ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.

Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.



TV21

Read Previous

Град Скопје: Трајановски е разрешен пред 3 месеци поради нарушување на угледот на градот

Read Next

Историски највисоки директни инвестиции во 2024 година во вредност од 1.25 милијарди евра