
Град Скопје веднаш експрено прати демант до медиумите каде тврдат дека Александар Трајановски не може да даде оставка денес од причина што тој е разрешен пред 3 месеци. Од градот посочуваат дека тој не ја извршува функцијата заменик градоначалник на Град Скопје од 19.12.2024 година.
„Оттука, нејасно е од која функција си дава оставка ова лице. Трајановски е разрешен од функцијата поради нарушување на угледот на град Скопје, неизвршување на своите задачи и неисполнување на својата функција како заменик градоначалник. Поточно, ова лице нема вкупно 3 активни минути на својата функција.Единственото барање на ова лице за кое е свесна градската администрација е неговата желба да добие канцеларија, службено возило и службен телефон. Друга комуникација, уште помалку во смисла на активен придонес кон работата на градот ова лице немало во последните две години“, посочуваат од Град Скопје.
Од таму додаваат дека Трајановски шири лажни вести и обвинувања за кадровите решенија на градот и посочуваат дека тоа не му сметало повеќе од 3 години.
„По однос на обвинувањата на Трајановски за некакво „влијание од ДУИ“, сакаме целосно да ги демантираме како лажни вести и несериозни обвинувања. Кадрови решенија градот Скопје немаше две години, ниту постоеше можност за вработувања поради неизгласани планови за вработување, а доколку истото некогаш би се реализирало би било врз основа на распишан оглас за вработување, со единствен критериум е исполнување на квалификациите и избор на најдобрите кандидати според закон. Доколку на Трајановски ништо не му сметало во градот Скопје повеќе од 3 години па се до неговото разрешување во декември 2024 година, прашање е зошто би му сметало сега. Тажно е да се гледа како млади луѓе се ставаат во функција на полтрони на владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН/Вреди“, се вели во демантот на Градот Скопје.
Skopjeinfo